Достапни линкови

Партиите на лидерска, Беса протестира


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Попладнево во Клубот на пратеници почна лидерската средба на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, придружувани од нивните партиски соработници. Нa состанокот присуствуваат и амбасадорите на САД Џес Бејли и на ЕУ Аиво Орав. На денешната средна лидерите ја продолжуваат дискусијата за организацијата на владата што ќе ги подготвува изборите, а од кога ќе биде постигнат договор опозицијата да се врати во парламентот. И во очи оваа средба очекувањата не беа големи. Во дворот на Клубот на пратеници се присутни и вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот за образование Абдилаќим Адеми.

Пред почетокот на средбата пред Клубот на пратеници подмладокот на Беса организираше мини протест. Тие носеа транспаренти на албански јазик преку кои го искажаа несогласувањето на политиките кои ги застапуваат Ахмети и Тачи во преговорите, односно сметаат дека албанските прашања не се доволно застапени.Тие ги исвиркаа лидерите додека влегуваа на средбата.

XS
SM
MD
LG