Достапни линкови

ЕУ може да го „запре часовникот“ до референдумот во Грција


Актуелната ситуација поврзана со Грција, не е предвидена во европската правна рамка. Можно е да одиме на процедура „запирање на часовникот“ до одржувањето на референдумот закажан за в недела, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Тој ја даде изјавата по вонредната средба на претседателскиот совет на Европскиот парламент со претседателот на Европската комисија Жан- Клод Јункер.

Претходно денеска Јункер ги повика Грците да гласаат на референдумот со „за“. Шулц изјави дека институциите на ЕУ се присоединуваат кон тој повик.

Според претседателот на ЕП, можно е до утре вечер, кога официјално истекува актуелната спасувачка програма за Грција, да биде свикана нова вонредна средба на шефовите на држави и влади од еврозоната или на министрите за финансии.

XS
SM
MD
LG