Достапни линкови

Нема нов рок за постигнување договор со Иран


Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека разговорите за иранската нуклеарна програма ќе продолжат и по крајниот рок 30 јуни и оти преговарачите одлучиле да не поставуваат нов рок за постигнување договор. Тој денеска во Њујорк рече дека планираа оваа недела да се врати во Виена, каде што Иран, САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија работат на финализирање на конечниот договор според кој Техеран треба да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за олеснување на меѓународните санкции. Фабиус рече дека преговарачите „постигнале одреден напредок, но оти тоа не е крај на процесот“. Тој рече дека Иранците имаат специфични прашања за тоа како ќе се одвива укинувањето на санкциите и оти и големите сили „бараат допрецизирања“, без да објасни на што конкретно се однесува тоа. Шесте светски сили бараат ограничување на иранската нуклеарна програма за да не може да се користи во воени цели, додека Техеран негира дека се обидува да направи атомска бомба.

XS
SM
MD
LG