Достапни линкови

Во Тунис апсења поврзани со масакарот на туристи


Властите во Тунис уапсиле непознат број осомничени во врска со терористичкиот напад врз туристи на 26 јуни. Министерот за внатрешни работи на Тунис рече дека полицијата се уште истражува дали некој од осомничените биле обучувани во терористички кампови во соседна Либија. Во петокот вооружен напаѓач уби 38 лица. Властите во Велика Британија соопштија дека најмалку 18 од жртвите биле Британци. По една жртва има од Германија, Португалија, Ирска и Белгија.

XS
SM
MD
LG