Достапни линкови

МВР издало над 5.000 барања за азил


Вкупно 5.005 потврди за барање азил издало Министерството за внатрешни работи од донесувањето на измените во Законот за азил на 19 овој месец до 8 часот изутрината. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, 3.180, потоа Авганистан, 479, Ирак- 321, Пакистан, 250, Сомалијa, 245, а од останатите држави се во помал број.

Поради зголемениот притисок од илегални мигранти на јужната граница кон соседна Грција, Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки за обезбедување на граничната линија, се вели во соопштението од МВР.

XS
SM
MD
LG