Достапни линкови

Бездомни и кучиња без маски страв за жителите на Тетово


Кај тетовци постои голем револт поради тоа што и општината нема своја служба која ги третира бездомните кучиња, како и од несовесноста на оние со миленици кои не им ја ставаат задолжителната заштитна опрема.

Кучиња кои сопствениците ги шетаат без ремен и заштитни маски како и бездомните, се причина жителите на Тетово да стравуваат за своето здравје додека се движат низ градот. Кај граѓаните постои голем револт поради тоа што и општината нема своја служба која ги третира бездомните кучиња, како и од несовесноста на оние со миленици кои не им ја ставаат задолжителната заштитна опрема.

Без маска, без ремен, па на крајот на краиштата и без најлонче за изметот да го соберат. Не е само шетај и остави каде ќе се најде тоа. Тоа е неоправдана работа, меѓутоа нема кој да ги спречи.

„Тоа е многу лоша работа меѓутоа на кого човек да му соли памет. Без маска, без ремен, па на крајот на краиштата и без најлонче за изметот да го соберат. Не е само шетај и остави каде ќе се најде тоа. Тоа е неоправдана работа, меѓутоа нема кој да ги спречи.“

„Јас бев во Чешка, ќерка ми таму живее. Таму има кучиња колку сакаш - има игралишта за деца, но пишува надвор дека е забрането за кучиња. Ќе си го закачат надвор кучето и готово не влегува внатре куче“, велат анкетираните тетовци.

Поради нападите на кучињата скитници на жителите не им преостанува друго освен да го пријават случајот во полиција, а некои од нив ја тужат општината. Неколкумина тетовци во судски постапки добиле оштета од општината во висина од 30 до 100 илјади денари.

СВР Тетово апелира до сопствениците на кучиња кога ги шетаат задолжително да им ставаат маски на главите или да имаат надзор и контрола врз кучињата, зошто кучињата не ретко можат да исплашат или нападнат некој друг граѓанин што е спротивно на законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Тетовци деновиве беа сведоци и на напад на расно куче кое на 40-годишен жител на населбата Теќе му го откина палецот на левата рака. Случајот беше регистриран од полицијата, од каде велат дека има околу стотина пријави годишно кога бездомно куче или куче домашен миленик каснало човек.

Портпаролот Марјан Јосифовски објаснува дека полицијата може да поднесе пријава само за случаите кога куче со познат сопственик не носи заштитна опрема, а предизвикало страв или каснало некого.

„СВР Тетово апелира до сопствениците на кучиња кога ги шетаат задолжително да им ставаат маски на главите или да имаат надзор и контрола врз кучињата, зошто кучињата не ретко можат да исплашат или нападнат некој друг граѓанин што е спротивно на законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Според член 29 од овој закон глобата за ваквиот вид прекршок се движи од 100 до 400 евра“, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Од тетовскиот Центар за јавно здравје велат дека постојат жители кои не се јавуваат на лекар по каснување од пред сè бездомните кучиња. Потенцираат дека при таков напад задолжителна е антирабична заштита или лекарство за заштита од беснило, како и вакцина за спречување тетанус.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG