Достапни линкови

Граѓаните скептични за брзо решение


Најмногу коментари од нашите читатели има на текстовите поврзани со политичката криза и со можноста од договор меѓу лидерите.

Интересно е што мислат нашите граѓани пред најновата лидерска средба за која поголем дел од познавачите на состојбите сметаат дека од неа не треба да се очекува премногу. Жарко Ангеловски, на пример, на нашата Фејсбук страница напишал дека во моментов не се водат преговори меѓу две политички партии, туку меѓу една политичка партија и банда од криминалци и дека не се водат преговори за компромис за натамошниот развој на државата, туку се договараат условите за предавање на криминалната банда.

Човекот измислува. Само образот да си го исчисти и уште на старт таа неговата уста лаже.

И на нашата интерна анкета дали на 29 јуни ќе има договор за излез од кризата, над 60 отсто од одговорите се негативни, додека само 33 отсто од нашите слушатели одговориле позитивно.

Неверојатно многу коментари на нашиот Фејсбук има по информацијата за говорот на Груевски на годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, каде што тој ги коментира аудио-снимките од прислушуваните разговори што ги објави Заев во таканаречените „бомби“. Колку за илустрација, Фахрудин Јаковиќ вели: „Браво, бе, а комбето што беше паркирано и од него прислушувале? Утре ќе дадете некоја друга изјава, тоа е патриотизам“. Или: „Лаги 9 години Грујо и ДПМНЕ“ од Мите Матески. Атанас Лазаровски постирал: „Човекот измислува. Само образот да си го исчисти и уште на старт таа неговата уста лаже“.

Кои црни реформи, направија реформи на џебот на граѓаните и на народните пари.

По реакцијата на СДСМ на говорот на Груевски, во која поентата е дека само влада без Груевски може да обезбеди фер избори, Души Кадриу коментирал: „Браво, само без паторот и Али Баба ајдуците“, а Боби Михајловски смета дека тоа се викало „не сакаме решение ако има решение. Треба да појави на избори“.

Објавата за нови реформи во државава што премиерот Груевски ја обелодени на својот Фејсбук профил исто така има многу постови на нашата Фејсбук страница. Ангел Арсовски смета дека „Цел живот ни помина во реформи и тоа лоповски“, а Гујле Том вели: „Кои црни реформи, направија реформи на џебот на граѓаните и на народните пари.“ Вецан Стојковски, пак, се заблагодарува и коментира: „Немој, какви реформи, еднаш ги видовме твоите, фала, не треба повеќе!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG