Достапни линкови

logo-print

Пад на берзите во Азија поради Грција


Берзите во Азија бележат остар пад поради страхувањата дека Грција ќе банкротира и поради евентуалноста таа да излезе од еврозоната. Берзата во Шангај денеска забележа пад од 7 насто, а во изминативе две недели оваа берза има загуба од 20 проценти. Тргувањето во Токио падна за 3 насто, додека берзата во Хонг Конг забележа пад од над 3 ипол проценти. Во азиските пазари вредноста на еврото падна и сега едно евро е долар и десет центи.

XS
SM
MD
LG