Достапни линкови

Мисија на ММФ во Македонија


Тим на Меѓународниот монетарен фонд предводен од Џесмин Рахман од денеска до 8 јули ќе престојува во Скопје со цел спроведување на Годишниот преглед на македонската економија. Како што соопшти ММФ, тимот на крајот од Мисијата ќе соопшти прелиминарни оценки и ќе го подготви целосниот извештај, кој ќе биде разгледан на состанок на Извршниот борд на ММФ, чиј датум ќе биде објавен дополнително. Посетата на тимот на ММФ е дел од редовните активности на Фондот за следење на состојбите на економијата што се вршат во сите 188 земји членки.

XS
SM
MD
LG