Достапни линкови

На изборите во Молдавија води проевропскиот кандидат


Првичните резултати од вториот круг на локалните избори што вчера се одржа во Молдавија покажуваат дека градоначалникот на главниот град Кишињев има уверлива предност пред неговиот ривал. На овие избори се гледаше како на тест дали некогашната советска република се приближува кон Европската унија или кон соседна Русија. Имено, актуелниот градоначалник Дорин Чиртоака добил над 53 насто, додека прорускиот опонент Зинаида Гречеанаи повеќе од 46 проценти од гласовите. Гречеанаи oдби да го признае поразот, а лидерот на Социјалистичката партија Игор Додон изјави дека гласањето биле нерегуларно.

XS
SM
MD
LG