Достапни линкови

logo-print

Обама и Меркел: Грција да продолжи со реформите


Американскиот претседател Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел оценија дека е многу важно Грција да се врати на патот на реформи и на пораст во рамките на еврозоната. Ова го соопшти Белата куќа, откако двајцата лидери имале телефонски разговор. Обама и Меркел навеле дека нивните советници внимателно ја следат кризата во Грција. Во очекување на грчкиот референдум закажан за 5 јули во врска со барањата на странските кредитори, американскиот министер за финансии Џек Лу ги повика сите страни да продолжат да работат за изнаоѓање решение и да разговараат за можно олеснување на грчкиот долг.

XS
SM
MD
LG