Достапни линкови

Лидерска средба за политичката криза во Македонија


Лидерите на најголемите политички партии во Македонија, како што неодамна беше најавено, денеска во Скопје ќе се сретнат на преговори за излез од политичката криза во земјава. На средбатанема да присуствува еврокомесарот Јоханес Хан. „Се надевам на подобрување и на први конкретни резултати. Ако добро разбрав од извештаите, сите се решени да направат сериозен напредок и тоа е во интерес на сите нас“, изјави еврокомесарот Хан. Премиерот Никола Груевски во вчерашниот говор пред Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ обвини дека СДСМ работеле во насока на пропаст на договорот од 2 јуни. Од друга страна, СДСМ го повтори ставот дека слободни, фер и демократски избори може да обезбеди само влада која ќе биде без Никола Груевски.

XS
SM
MD
LG