Достапни линкови

Разговори за нуклеарната програма и по 30 јуни


Висок американски официјален претставник изјави дека преговорите меѓу шесте светски сили и Иран за контроверзната нуклеарна програма ќе продолжат и по 30-ти јуни, кога е крајниот рок за конечен договор.

Ние рековме дека овие разговори би можеле да продолжат по 30-ти јуни, за неколку дена, ако ни треба дополнително време", наведе американскиот претставник.
Американскиот државен секретар Џон Кери и министрите за надворешни работи на Иран, Велика Британија, Франција и Германија присуствуваат на разговорите во Виена, заедно со претставници од Кина и Русија. Целта на разговорите е договор според кој Техеран би ја ограничил својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите.

XS
SM
MD
LG