Достапни линкови

ММФ од утре во Македонија


Тим на Меѓународниот монетарен фонд предводен од Џесмин Рахман од утре до 8 јули ќе престојува во Скопје со цел спроведување на Годишниот преглед на македонската економија.

Како што соопшти ММФ, тимот на крајот од Мисијата ќе соопшти прелиминарни оценки и ќе го подготви целосниот извештај, кој ќе биде дискутиран на состанок на Извршниот борд на ММФ, чиј датум ќе биде објавен дополнително.

Посетата на тимот на ММФ е дел од редовните активности на Меѓународниот фонд за следење на состојбите со економијата што се вршат во сите 188 земји-членки

XS
SM
MD
LG