Достапни линкови

Грција ја разгледува можноста за затворање на банките


Грчката Влада ќе ја разгледа вечерва можноста за воведување контрола и затворање на банките в понеделник, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис за радиото Би-Би-Си.

Во интервјуто Варуфакис истакна дека неговата Влада ќе ги донесе двете одлуки во текот на ноќта.

Европската централна банка во меѓувреме соопшти дека итните заеми за грчките банки ќе ги задржи на сегашното ниво.

- Банката на Грција ќе стори се што е во нејзина моќ за да ја гарантира финансиската стабилност, се наведува во соопштението на ЕЦБ

XS
SM
MD
LG