Достапни линкови

Итен состанок на ЕБЦ поради Грција


Управниот одбор на Европската централна банка се состанува денеска за да дискутираат дали да продолжат со доделување итни заеми на други банки во Грција. Европската централна банка ги испраќа итните фондови на дневна основа на централната банка на Грција, која потоа ги распределува на останатите банки. Грците повлекоа милијарди евра од банките во последните неколку недели, а и вчера имаше долги редици пред банкоматите поради банкарската паника.

Вторник, 30 јуни, е датумот кога завршува втората спасувачка програма за Грција. Тоа е и датумот до кој земјата треба да отплати долг од 1,5 милијарди евра на ММФ. Невозможно е плаќањето да се изврши без доверителите да доделат средства.


XS
SM
MD
LG