Достапни линкови

Кувајт- бомбашот бил Саудиски државјанин


Кувајт, соопшти дека бомбашот самоубиец, кој го изврши смртоносниот напад врз шиитската џамија бил Саудиски државјанин. Министерството за внатрешни работи соопшти дека Фахд Сулејман Абдулмошен Ал Каба пристигнал на аеродромот во Кувајт, во раните утрински часови на 26 јуни, неколку часа пред да го активира експлозивот во џамијата. ИД ја презеде одговорноста за нападот во кои 27 верници беа убиени, а повеќе од 220 други беа ранети. Претходно, властите рекоа дека безбедносните служби го привеле возачот на автомобилот кој го транспортирал бомбашот на местото на нападот.

XS
SM
MD
LG