Достапни линкови

logo-print

Австрија-Излегувањето на Грција од еврозоната неизбежно


Австрискиот министер за финансии Ханс Јорг Шелинг изјави дека излегувањето на Грција од еврозоната изгледа неизбежно.

- Последиците за земјите од еврозоната не се толку страшни, колку за Грција. јасно е, дека една земја не може под никакви околности да ја уценува Европската комисија и земјите од еврозоната, посочува Шилинг.

Неговиот француски колега Мишел Сапен ј истакна дека на вчерашната средба на еврогрупата не станувало збор за тоа Грција повеќе да не биде членка на еврозоната, иако не ја исклучи таквата можност како последица на референдумот за барањата за реформи на кредиторите кон официјална Атина во замена за финансиска помош.

XS
SM
MD
LG