Достапни линкови

Во Брисел подготовки за дијалог Белград Приштина


Во Брисел денеска почнуваат разговори на стручни тимови во рамки на подготовките за новата рунда раzговори меѓу Белград и Приштина кои во понеделник треба да се одржат на премиерско ниво.

Претходната рунди на преговори, меѓу Александар Вучиќ, и Иса Мустафа, во вторникот минатата недела не дадоа конкретни резултати, а Вучиќ рече дека двете страни ги приближиле ставовите за Заедницата на српските општини.


Останатите три теми се телекомуникациите, енергетиката и т.н. Парк на мирот , кој го дели северниот и јужниот дел на Митровица. Се проценува дека разговорите меѓу двајцата премиери се од суштинско значење со цел да се отвори првото преговарачко поглавје на Србија, како и продолжување на процесот на европска интеграција на Косово.

XS
SM
MD
LG