Достапни линкови

logo-print

Грчкиот парламент го одобри владиниот предлог за референдум


Грчкиот Парламент разно изутринава го одобри предлогот на грчката Влада за одржување референдум за последните предлози на меѓународните кредитори за реформи во замена за финансиска помош.

Со 178 гласа „за“ и 120 „против“ пратениците го усвоија предлог. Пратениците од радикалната лева партија „Сириза“, нивните коалициони партнери од „Независни Грци“ и пратениците од „Златна зора“ ја одобрија иницијативата за референдум. Против беа претставниците на конзервативната „Нова демократија“, социјалистичката ПАСОК, Грчката комунистичка партија и центристичкјата „Потами“.

Премиерот Алексис Ципрас ги повика Грците на референдумот на 5 јули да ги отфрлат условите кои ги нудат кредиторите и рече дека Грчкиот народ ќе каже едно големо „не“ на ултиматумот и истовремено ќе каже „да“ за солидарна Европа.

.Тој ги критикуваше и министрите за финансии од еврозоната за тоа дека одржале средба, при тоа не канејќи го грчкиот колега Јанис Варуфакис.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард ја исклучи можноста да биде дозволено одложување на исплатата на долгот на Грција кон фондот, рок кој изминува на 30 јуни.

Таа оцени дека референдумот планиран за 5 јули нема правна сила, бидејќи предлозите на кредиторите важат до 30 јули и Грците на 5 јули ќе гласаат за предлози кои веќе нема да бидат во сила.

Во саботата министрите за финансии од еврозоната, го одбија барањето на Атина уште еднаш да ја продолжат програмаат за помош на Грција после 30 јуни.

Еврозонаат го одбива продолжувањето на програмата за помош,изјавија извори блиски на преговорите на маргините на седницата која итно ја закажаа министрите за финансии на оваа зона .

Оваа евро група,пета за десет дена,се сметаше за последена шанса да се постигне договор,три дена пред истекот на рокот кој ММФ и го даде на Грција ,кој оваа земја не може да го почитува без нова финансиска помош


###

XS
SM
MD
LG