Достапни линкови

ЛГБТИ со протестно обраќање пред МРТ


ЛГБТИ мрежата ги повика уредниците и менаџерскиот тим на Македонската телевизија итно да си поднесат оставка.Според ЛГБТИ, како јавен сервис платен од сите граѓани во земјава МТВ учествува во континуирано прекршување на правата на ЛГБТИ припадниците.

За нив МТВ е партиско гласило кое ги пушта владините кампањи за семејни вредности,повеќедетни семејства, кампањи против абортусот и хомофобичните изјави на претставници на државни институции.За кампањата „Македонија има љубов за сите“ ЛГБТИ мрежата биле информирани од Македонската телевизија дека не е од јавен интерес.

За ЛГБТИ мрежата се додека Јавниот сервис не им излезе во пресрет на маргинализираните групи тој истиот за нив е мртов.А тоа на симболичен начин го сторија со положување на венец пред вратите на Македонската телевизија

XS
SM
MD
LG