Достапни линкови

ЕУ:Атина ја затвори вратата за натамошни преговори


Најавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас за одржување референдум за барањата на кредиторите е „тажна одлука за Грција и ја затвора вратата за натамошни преговори“, изјави денеска претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум.

- Негативно сум изненаден од веста, рече тој по доаѓањето на седницата на министри за финансии од еврозоната, посветена на финансиското преживување на Грција.

- На состанокот ќе го сослушаме и грчкиот министер и потоа ќе разговараме за последиците, рече тој.

XS
SM
MD
LG