Достапни линкови

logo-print

Ереван :Демонстрантите вознемирувани од сомнителни лица


Активисти од т.н. "Електростопанство Ереван" кои ги предводат илјадниците луѓе што со денови протестираат во ерменскиот главен град Ереван, против планираното зголемувањето на цената на струјата , денеска изјавија дека некои "сомнителни луѓе" почнале да ги вознемируваат членовите на групата, како и демонстрантите. Во соопштението објавено денеска активистите ги повикаа ерменските власти да обрнат внимание во врска со таквите наводи Тие не откриваат какви било конкретни случаи на малтретирање. Демонстрантите инсистираат претседателот Серж Саркисијан да ја повлече одлука за планираното покачувањето на цените на струјата од околу 16 отсто.Тие исто така бараат казни за полицајците кои ги тепале активистите на протестите на 23 јуни.

XS
SM
MD
LG