Достапни линкови

logo-print

Русија го отфрли извештајот на Стејт департментот


Рускиот министер за надворешни работи Александар Лукашевиќ изјави дека најновиот извештај за човековите права објавен вчера од Соединетите Американски Држави е политички мотивирани и оти ги игнорира повредите на правата од Украина. Според неговите зборови извештајот е полн со груби идеолошки клишеа, а методологијата на извештајот е одвоена од реалноста.

Во најновиот извештај на Стејт департментот Руската влада се најде под силна критика не само за злоупотреби внатре во земјата, туку и за анексијата на украинскиот полуостров Крим и нејзината улога во помагањето на проруските сепаратисти во источна Украина. Рускиот политички систем се оценува како авторитарен и корумпиран.

XS
SM
MD
LG