Достапни линкови

Кувајт:Приведени повеќемина лица осомничени за нападот


Властите во Кувајт приведоа неколку лица осомничени за вмешаност во бомбашкиот напад врз шиитската џамија во кој загинаа најмалку 27 лица,јавија агенциите.

Денеска ќе се организира национален погребот на жртвите во овој напад, за кој одговорноста ја презеде "Исламска држава".

Луѓето ќе бидат во можност да го изразат своето сочувство во текот на следните три дена во џамијата, најголемиот сунитски храм во Кувајт, како гест на солидарност со шиитската заедница, што претставува една третина од населението.


Владата, Собранието, политичките партии и верски претставници оценуваат дека нападот е во насока на потикнување верски конфликт во земјата каде што населението се претежно сунити.

XS
SM
MD
LG