Достапни линкови

Иран: нуклеарен договор е можен ако барањата не се претерани



Иран ќе постигне нуклеарен договор со светските сили ако другата страна не поставува претерани барања, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф по пристигнувањето во Виена денеска на последната фаза од разговорите.

Зариф ги започна разговорите со американскиот државен секретар Џон Кери пред почетокот на самонаметнатиот рок на 30 јуни, за кој официјалните претставници очекуваат да се пролонгира од најмалку два или три дена.

Иран и шесте светски сили бараат договор со кој ќе се спречи контроверзната нуклеарна програма на Техеран во замена за ослободување од економските санкции.

XS
SM
MD
LG