Достапни линкови

Граѓаните треба да кажат каква Стара Чаршија сакаат


На 41от ден од Кампот на Слободата пред Владата, вчера се разговараше за Старата скопска чаршија.

Политиката е немарна и нечувствителна кон Старата скопска чаршија, местото добива архитектура на метар квадратен без генерален урбанистички план, а автентичноста и живоста ги снемува.

Ова се дел од објаснувањата за чаршијата на Мухедин Брава претседател на здружението „Еснаф“, Анжелика Апсис и Арта Кули – сопственички на кафулето „Дамар“ на вчерашната дискусија во антивладиниот камп пред Влада на тема Како да ги задржиме и развиеме духот и функцијата на Старата скопска чаршија? Тие предупредуваат дека местото замира, а неговото заживување ќе биде многу тешко после сето тоа што се случува.

Модераторот на дебатата Огнен Јанески на почетокот истакна дека луѓето се одвраќаат од чаршијата, а на некои како да им пречи тамошната енергија.

XS
SM
MD
LG