Достапни линкови

logo-print

ИД ја презеде одговорноста за нападите во Тунис и во Кувајт


Билансот од вчерашните напади во Тунис, Кувајт, Сирија и Сомалија е стотици загинати лица. Вооружен напаѓач уби десетици луѓе пред хотел во туристичкото одморалиште Сус во Тунис ,во напад на бомбаш-самоубиец во џамија во Кувајт загинаа десетици други , а исламските милитанти масакрираа стотици цивили во посебни битки во Сирија и Сомалија . Пентагон соопшти дека е премногу рано се каже дали серијата напади биле координирани, но милитантите од Исламската држава ја презедоа одговорноста за повеќето од нападите и сите тие се случија откако милитантната група ги повика своите поддржувачи да извршуваат напади за време на Рамазан. Триесет и девет главно европски туристи беа убиени во одморалиштето Порт Ел Кантауи откако маж извади пиштол скриен во внатрешноста на чадор за плажа.За овој напад Исламска држава ја презеде одговорноста на Твитер. Агенциите објавуваат дека Исламсаката држава стои и зад самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска џамија во во Кувајт, каде беа убиени 27 лица.
Истиот ден најмалку 146 цивили загинаа во нападот од страна на борците на Исламската држава на сирискиот град Кобани и околните села. Во Сомалија милтантите обезглавија повеќе од педесет лица.

XS
SM
MD
LG