Достапни линкови

Ципрас: Референдум за предлогот на кредиторите на 5 јули


Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика синоќа Грците на 5 јули на референдум да се изјаснат за тоа дали Грција треба да го прифати или отфрли предлогот на меѓународните кредитори.

Одлуката за распишување на референдумот е објавена кусо по седницата на Владата во Атина, на која се расправаше за понудата на кредиторите.

Парламентот за овој предлог треба да се изјасни денеска на пладне.

„Овие предлози, со кои се крши европското право и основното право на работа, еднаквност и достоинство, покажуваат дека намерата на некои од партнерите и институциите не била одржлива спогодба за сите страни, туку можеби понижување на еден цел народ“, изјави Ципрас за време на вчерашното обраќање до нацијата.

Ципрас ова го кажа само неколку часа по враќањето од Брисел, каде европските кредитори и Меѓународниот монетарен фонд на Грција и понудија спогодба, која грчката Влада ја отфрли како несоодветна.

Грција вчера ги отфрла предлозите на кредиторите за продолжување на кредитната програма за пет месеци - до крајот на ноември, со доставување кредити од 15,5 милијарди евра

XS
SM
MD
LG