Достапни линкови

Камп и камп - исто е, ама не е исто!


Стефан Богоев, претседател на СДММ.

Стефан Богоев, претседател на СДММ.

Кампувањето пред некоја државна институција е еден од порадикалните методи на искажување незадоволство и протест против одредени личности и нивните политики. Да да, убаво прочитавте, но сепак ќе повторам уште еднаш, искажување на незадоволство и протест!, пишува претседателот на подмладокот на СДСМ Стефан Богоев во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Дојде и тој ден, четириесет и втори ден од поставувањето на Кампот на слободата пред Владата. Многумина беа скептични, некои и воопшто не веруваа дека ќе кампуваме, други мислеа дека тоа ќе биде само неколку денови. Како и да е, покажавме и докажавме, ние, граѓаните на Република Македонија, оние слободоумните и слободољубивите, дека сме упорни и искрени во нашата намера.

Кампувањето пред некоја државна институција е еден од порадикалните методи на искажување незадоволство и протест против одредени личности и нивните политики. Да да, убаво прочитавте, но сепак ќе повторам уште еднаш, искажување на незадоволство и протест!

Во меѓувреме, на само неколку стотини метри оддалеченост, четириесет и први ден од поставувањето на кампот на таканаречените чувари на демократијата. Од оваа налудничава идеа, да бидам искрен јас не бев многу изненаден. Кога ќе слушнеш како некој го прислушува скоро целиот народ, како некој прикрива убиство на младо момче, како некој „Троши за чоколадо, а нема ни за леб“ и ред други работи, тогаш од такви „лудаци“ друго и не можеш да очекуваш. Но, да видиме што навистина и во суштина претставуваат овие два кампа.

Кампувањето пред некоја државна институција е еден од порадикалните методи на искажување незадоволство и протест против одредени личности и нивните политики. Да да, убаво прочитавте, но сепак ќе повторам уште еднаш, искажување на незадоволство и протест! Оттука, најлогично е да се запрашаме зошто протестираат камперите!?

Од една страна се камперите кои протестираат пред влада. Искрени луѓе кои самоволно се дојдени да го искажат својот гнев и револт. Никој не им платил, никој не ги принудил да дојдат! А зошто го прават тоа!? Како еден од нив многу лесно и аргументирано можам да одговорам. Го правиме тоа како единствен логичен и демократски начин да го смениме и да одговара лудакот над сите лудаци, оној кој избрка преку 250 илјади млади од државата, оној кој изнесе милијарди народни пари надвор од државата, оној кој е пиштол гол после објавувањето на „Вистината за Македонија“. Човекот кој нарачува пет-шест шамари пред камери за градоначалник, нарачува апсења, креира вести, затвора и рекетира невини луѓе! Мастермајндот на проектот за воспоставување на диктаторски режим во држава која треба, мора и ќе биде слободна!

Од друга страна, пак, се камперите, љубители на сладолед кои кампуваат пред Собрание. Не протестираат и не искажуваат револт, туку поддршка. Овој светски феномен на искажување поддршка преку протест ја прави Македонија земја за Гинис! И тоа ни помалку ни повеќе за поддршка на горенаведениот „лудак“ (како што лично неговиот кум и министер за финансии милува да го нарекува). Повеќето од нив вработени во државна администрација, најверојатно поради „грижата“ од нивните претпоставени во овие жешки денови се принудени да дремат на улица. И на нив не им е лесно, мораат да кампуваат по наредба, под маската дека се борат за демократијата, а во суштина се борат за зачувување на нивната лична мизерија, искреирана токму од нивниот мастермајнд Груевски. Оттука, не е ни чудно зошто се радуваат на еден обичен сладолед. Нејсе...

Денот Д, денот на одлука доаѓа многу наскоро и втора шанса ќе немаме. Дали сакаш слободна или сакаш мизерна Македонија!? Мнозинството граѓани веќе ја избраа слободата, а ти!?

Друга и суштински најбитна разлика е што се случува во вистинскиот, а што во контра кампот. Во Кампот на слободата секојдневно има дебати, вистински и демократски на различни теми, но сите со една цел, како после падот на диктаторот! Граѓани, политичари, експерти, професори, граѓански и НВО активисти од сите политички, верски, етнички припадности и од сите сексуални определби. Се веат македонски, турски, албански, бошњачки, ромски знамиња, сите меѓусебно се дружиме, спортуваме, дебатираме. Честопати со различни ставови, но еден став не обединува сите - „Во ваква Македонија не сакаме да живееме и затоа Груевски мора да си оди“. Поделби и конфликти на лична основа, нема! Сè на сè, мал, но значаен и репрезентативен примерок за Македонија во која сакаме и ќе живееме после падот на лудакот.

Во контра кампот, нормално, сè е контра! Секојдневни монолози и перење на мозок од страна на едните па исти режимски кучиња и секако етнички, политички и верски „чиста“ публика. Еднолично размислување и ставови. Немање на чиста визија и идеја за што воопшто таму се кампува, освен како што веќе нагласив, за зачувување на сопствената мизерија која Груевски ја искреира! Идеална садо-мазохистичка врска помеѓу пастирот и стадото. Сè на сè, класичен репрезентативен примерок на Македонија во која сега за жал живееме!

На крајот на денот, овој, за некого четириесет и втори слободарски, а за некого четириесет и први мизерен ден, останува на вас читателите да одлучите на која страна ќе се приклучите. Денот Д, денот на одлука доаѓа многу наскоро и втора шанса ќе немаме. Дали сакаш слободна или сакаш мизерна Македонија!? Мнозинството граѓани веќе ја избраа слободата, а ти!?

П.С. Диктатор и криминалец не може и не знае да организира демократски и фер избори! Затоа, ОСТАНУВАМЕ!

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG