Достапни линкови

Парламенот на Косово против формирање суд за воени злосторства


Косовскиот Парламент денеска не ги усвои уставните амандмани со кои би се овозможило усвојување на законот за формирање на специјален суд за воени злосторства, „За“ амандманите гласаа 75 пратеници, а потребно беше двотретинско мнозинство односно 82 гласови. Претходно, беше одбиен предлогот за амандманите да се гласа тајно. Меѓународната заедница го повика косовскиот парламент да се формира суд кој ќе се занимава со злосторства извршени од албанските борци. Во меѓувреме во организација на Здружението на ветерани на ОВК пред Парламентот во Приштина се одржуваа протести против формирањето специјален суд за воени злосторства.

XS
SM
MD
LG