Достапни линкови

Бомбашки напад на џамија во Кувајт, најмалку 25 жртви


Најмалку 25 луѓе загинаа, а повеќе од 200 се повредени во напад на џамија во Кувајт, соопштија од тамошното Министерство за внатрешни работи. Ова е прв напад на шиитска џамија во Кувајт кадешто живеат претежно сунити. Организацијата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот. Нападот се случил денеска за време на петочната молитва додека џамијата била полна со верници. Според властите станува збор за бомбаш самоубиец и за нив ова е терористички чин.

XS
SM
MD
LG