Достапни линкови

Блатер: Немам поднесено оставка


Hallenstadion in Zurich, June 1, 2011

Hallenstadion in Zurich, June 1, 2011

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер изјави дека нема поднесено оставка на функцијата која ја извршува и дека истата ќе ја понуди на вонредниот конгрес. Тој до изборот на нов претседател на ФИФА што ќе се избира на вонреден конгрес ќе ја извршува функцијата „прв човек“ на Светската фудбалска федерација.

Блатер кон крајот на месец мај по петти пат беше избран за претседател на ФИФА, иако неколку дена претходно изби корупциски скандал на високи функционери на ФИФА, а шест претставници беа уапсени по барање на американските власти. Четири дена по изборот Блатер најави оставка.

Претседателот на ФИФА Блатер засега не е обвинет во скандалот за корупција.

XS
SM
MD
LG