Достапни линкови

Десетици жртви во напад на хотел во Тунис


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Двајца вооружени мажи влегле преку плажата во хотелот Империјал Мараба и убивале луѓе. Во нападот се убиени 27 луѓе, а шест се повредени. Полицијата убила еден напаѓач.

Најмалку 27 луѓе загинаа во напад на хотел во туристичкото одморалиште Сус во Тунис, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Мохамед Али Арои. Тој вели дека е убиен и еден од вооружените напаѓач, а се трага по другиот. Двајцата вооружени мажи влегле преку плажата во хотелот Империјал Мараба и убивале луѓе. Во нападот се повредени шест лица.

Терористи се инфилтрирале во хотелот и од зад грб отвориле оган врз гостите во хотелот, меѓу кои имало и странци и Тунижани.

„Терористи се инфилтрирале во хотелот и од зад грб отвориле оган врз гостите во хотелот, меѓу кои имало и странци и Тунижани“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Не се знае од која националноста се жртвите. Локалните медиуми јавуваат дека повеќето од загинатите се Германци и Британци. Еден британски турист за медиумите изјавил дека луѓето бегале од плажата, на гостите на хотелот првин им било речено да останат заклучени во собите, а подоцна да се соберат во фоајето. Туристка од Ирска која на плажа била со своите синови, вели дека најпрво мислеле дека е огномет, но кога слушнале дека се истрели од оружје избегале од плажата во своите соби.

Станува збор за едно од најпопуларните летувалишта во Тунис, каде летуваат гости од Европа и од соседните земји. Земјата го подигна нивото на безбедност, откако вооружени исламисти во март годинава го нападнаа музејот Бардо во Тунис, при што загинаа група странски посетители.

Нападот во Тунис уследи по други два напади, едниот на џамија во Кувајт, другиот во фабрика во Франција.Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во шиитска џамија во Кувајт, во кој загинаа најмалку 16 лица. Додека во Франција, човек удри со возило во цистерна во фабрика за гас во Лион. На местото на настанот е пронајден и обезглавен човек, прекриен со наметка со арпаски букви. За францускиот претседател Франсоа Оланд станува збор за „терористички напад.“

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG