Достапни линкови

logo-print

Оланд и Меркел со ултиматум до Ципрас


Лидерите на Франција и на Германија му дале на грчкиот премиер Алексис Ципрас ултиматиум за време на викендот да се постигне договор за грчкото прашање. Дипломатски извори велат дека Ангела Меркел и Франсоа Оланд имале кратка средба со Ципрас на маргините на Самитот на ЕУ. На средбата тие му пренеле дека е критичен утрешниот состанок наминистрите за финансии од земјите членки од еврозоната. Предупредувањето доаѓа откако еврокомесарот за дигитална економија и општество рече дека е можно Грција да излезе од еврозоната, доколку не се најде решение во следните пет дена.

XS
SM
MD
LG