Достапни линкови

Владата за извештајот на САД - за предизвиците имаме реформи


Владата на Македонија гледа на извештајот на Стејт департментот како на дел од соработката со стратешкиот партнер САД и верува дека предизвиците содржани во него ќе бидат надминати преку реформите од владиниот план за нови реформи за европските интеграции, кој беше усвоен на минатата владина седница, изјави за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

„И во годинашниот извештај за Република Македонија се забележуваат слични или исти, по обем и по квалификации, предизвици кои се карактеристични за овој регион, но и карактеристични и за некои од земјите членки на Европската Унија што може да се забележи бидејќи извештаите за сите земји се јавни. Ние веруваме и сме убедени дека преку реформите кои се содржани во владиниот План за нови реформи за европските интеграции ќе успееме во следниот период да ги унапредиме капацитетите, амбиентот и состојбите за тие предизвици да бидат надминати“, рече Ѓорѓиев.

XS
SM
MD
LG