Достапни линкови

Лидл - Ги затворавме очите пред мигрантска криза


Мигрантите се човечки суштества и имаат човекови права. Нивниот третман од секоја земја мора да е во согласност со меѓународните стандарди. Потребно е сите земји да обезбедат нивно преживување, транзит, да бидат регистрирани и процесирани на соодветен начин без преголемо одлагање. Ова е нешто што тешко им оди на нашите политичари во ЕУ, рече заменик шефот на мисијата на Европската Унија Роберт Лидл на работилница за состојбите и предизвиците на илегалните мигранти и баратели на азил која е дел од Твининг проектот по повод Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура.

Лидл нагласи дека е важно да се реагира не само на краткорочни кризи и покрај тоа што, како што рече, оваа криза се подготвуваше повеќе години, само ние ги затворавме очите.

Според него потребно е да се разгледаат повеќе прашања меѓу кои се буџетските и прашањето на јазикот и потешкотијата да се најдат луѓе коишто со мигрантите може да зборуваат на нивниот јазик.

Амбасадорот на Австрија во Македонија Томас Мајкл Бајер истакна дека според негови проценки во Македонија доаѓаат повеќе од илјада луѓе секојдневно, а се повеќе се зголемува бројот на лица коишто бараат политичка заштита. Оваа ситуација, рече тој, е голем предизвик не само за Македонија, туку и за целата меѓународна заедница.

XS
SM
MD
LG