Достапни линкови

Хелсиншки - нулта толеранција за тортура


Во изминатите 12 месеци Хелсиншкиот комитет регистрираше дузина посериозни инциденти на малтретирање, психичка и физичка тортура, нотира комитетот во соопштението објавено денеска на меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура. Во соопштението тие потсетуваат на неколку случаи како континуираното врзување со јаже на малолетното глувонемо момче од Ромската заедница, кое поради погрешна дијагноза беше сместено во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско, потоа четирите убиства на жени и девојки и нивни роднини (вклучително и со службено оружје) од страна на партнери претходно пријавени сторители на семејно насилство, нападите врз мигрантите-бегалци и нивното сместување во нечовечки услови, како и пронајдените фекалии во водата на Затворот Куманово, кои како што велат завршија без соодветна, или воопшто не завршија со реакција од надлежните институции.

Хелсиншкиот комитет се приклучува кон одбележувањето на овој меѓународен ден и упатува апел до властите конечно да го препознаат постоењето на тортурата и да развијат политики за заштита од овој варварски чин.

„Властите мораат да спроведат политика на нулта толеранција за акти на тортура од страна на службени лица. Крајно време е да се соочиме со феноменот на неказнивост и солидаризирање на Јавното обвинителство и судството со полицијата. Главниот фокус мора да се насочи кон жртвите на тортура за кои државата се уште не обезбедува соодветна правна, медицинска, психолошка и социјална поддршка“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG