Достапни линкови

Без оптимизам пред новата лидерска средба


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

СДСМ вели дека останува на ставот дека премиерот Груевски треба да си даде оставка. Тој пак не планира повлекување. Партиите не се оптимистични дека в понеделник може да се постигне договор за окончување на политичката криза.

Три дена пред понеделничната средба на лидерите на четирите партии на која треба да се дискутира за организација на владата што ќе ги подготвува изборите во април идната година, неизвесно е што може да се очекува на неа и дали таа ќе заврши како успешна.

Тие ставови остануваат непроменети. Договарање на влада која согласно формулацијата од договорот би била влада којашто ќе ги организира следните избори во која нема да има место за Никола Груевски и врхушката за која ѝ покажавме на целокупната јавност дека е вмешана во тешки криминални дејствија.

Од опозицијата брифираат дека засега немало никаков сигнал дека Груевски има намера да се повлече, нешто на што тие инсистираат за воопшто да преговараат за други теми. Во меѓувреме и потегот на премиерот да предложи акционен план за реформи без консултација со опозицијата го оценуваат како крајно несоодветен, обид да купи време и во целост да се минира, како што велат, каква било шанса за постигнување на политички договор.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов вели дека тие в понеделник одат со истиот став од кој немало да прават отстапки.

Не треба да бидеме премногу оптимисти бидејќи повеќе од јасно е дека двете страни имаат спротивставени барања и очекувања. Од тој аспект мислам дека нема да има финален договор в понеделник, но според проценките и на странските аналитичари ќе се држи процесот отворен и најверојатно конечните одлуки ќе бидат одложени за почетокот на месец септември.

„Тие ставови остануваат непроменети. Договарање на влада која согласно формулацијата од договорот би била влада којашто ќе ги организира следните избори во која нема да има место за Никола Груевски и врхушката за која ѝ покажавме на целокупната јавност дека е вмешана во тешки криминални дејствија“, вели Шилегов.

Премиерот Никола Груевски, пак, во интервју за Фајненшл Тајмс објавено вчера рече дека е подготвен да ги прифати предлозите на опозицијата за распределба на клучните позиции во периодот до предвремените избори, но дека не прифаќа да се повлече од премиерската функција.

Од ДУИ, чиј лидер Али Ахмети е дел од преговарачката четворка, се пооптимистични. Портпаролот Бујар Османи вели дека средбата очекуваат да има успешен епилог согласно договорот од 2 јуни.

„Партиите да го стават интересот на граѓаните и државата пред партискиот и да покажат државнички капацитет во овој тежок период за државата“, порачуваат од ДУИ.

Павле Трајанов, пратеник од Демократскиот сојуз, партија која е дел од владината коалиција, смета дека тоа нема да се случи. ВМРО-ДПМНЕ има интерес да се пролонгираат сите овие процеси, но не сум убеден дека и на СДСМ му се брза бидејќи тие не се подготвени за предвремени избори, оценува Трајанов, кој очекува да има меѓусебни калкулации.

„Не треба да бидеме премногу оптимисти бидејќи повеќе од јасно е дека двете страни имаат спротивставени барања и очекувања. Од тој аспект мислам дека нема да има финален договор в понеделник, но според проценките и на странските аналитичари ќе се држи процесот отворен и најверојатно конечните одлуки ќе бидат одложени за почетокот на месец септември“, вели Трајанов.

Во документот именуван како анекс на договорот од 2 јуни кој го објави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, а на кој се потпишани лидерите на четирите партии се наведуваат три точки: да ги стават пред сè интересите на земјата и да ја потврдат својата посветеност на евроатланскиот процес и демократските принципи, да ја потврдат целосната посветеност на договорот од 2 јуни и на 29 јуни да ја продолжат дискусијата за организацијата на владата што ќе ги подготвува изборите, а од кога ќе биде постигнат договор опозицијата да се врати во парламентот.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG