Достапни линкови

logo-print

Стејт департмент: ИД и Русија против човековите права


Стејт департментот во најновиот извештај за почитувањето на човековите права во минатата година остро ги критикува милитантите на Исламската држава, како и владите на Русија, Иран и Азербејџан за злоупотреба на човековите права. Во извештајот се потенцира дека еден од најзабележливите трендови лани била бруталноста на милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак против сите кои не ги прифаќале нивните екстремистички ставови и погледи. Руската влада се најде под силна критика не само за злоупотреби внатре во земјата, туку и за анексијата на украинскиот полуостров Крим и нејзината улога во помагањето на проруските сепаратисти во источна Украина. Рускиот политички систем се оценува како авторитарен и корумпиран. Корупцијата останува да биде најголем проблем и за владата на Босна и Херцеговина што, според извештајот, резултира со продолжена политичка и економска стагнација, а политичките лидери манипулираат со етничките поделби.

XS
SM
MD
LG