Достапни линкови

logo-print

Решение за Грција до 27 јуни?


Лидерите на Германија и на Франција ја предупредија Грција дека мора да постигне решение за проблемот со нејзиниот долг до 27 јуни со цел да избегне банкрот и можно излегување од еврозоната. Ангела Меркел и Франсоа Оланд ова го изјавија по состанокот на министрите за финансии на еврозоната кој заврши без да се постигне согласност за ослободување на уште една транша од пакетот финансиска помош за Грција. „Мора да продолжиме да работиме бидејќи времето не притиска. Состанокот на еврогрупата в сабота е од решавачка важност“, изјави Меркел во Брисел, додавајќи дека сите лидери на Унијата ја поддржаа идејата дека мора се да се направи за да се најде решение в сабота. Франсоа Оланд пак најави дека ќе работи на траен договор со Грција чија влада не ги прифаќа барањата на странските кредитори за реформи. Според него тоа мора да биде сторено на 27 јуни, со оглед на потребата таа одлука да биде одобрена од парламентите на земјите од еврозоната до 30 јуни кога истекува конечниот рок за исплата на грчкиот долг.

XS
SM
MD
LG