Достапни линкови

logo-print

Стејт департмент: корупцијата и човековите права во Македонија


Во најновиот извештај на Стејт департментот за почитувањето на човековите права во светот се наведува дека најзначајните проблеми со човековите права во Македонија во минатата година потекнуваат од „значителните нивоа на корупција“ и од „неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на правото“. Во извештајот објавен синоќа се додава правосудниот систем во земјата се карактеризира со политичко мешање, неефикасност и фаворитизам спрема добро поставени лица. Проблемите со човековите права, како што се наведува, вклучуваат и физичко малтретирање на приведени и затворени лица од страна на полицијата, дискриминирање на Ромите и другите етнички малцинства, социјална дискриминација против сексуалните малцинства и детски труд. Во извештајот исто така се додава дека владата „преземала некои потези за казнување полицајци кои употребиле прекумерна сила, но и натаму неказнувањето останува да биде проблем“.

XS
SM
MD
LG