Достапни линкови

Собранието против една изборна единица


Пратениците денеска не го прифатија Предлог-законот за изменување на Изборниот законик поднесен од пратениците Павле Трајанов и Лилјана Поповска. Тие предложија да има една изборна единица наместо постоечките шест изборни единици и да има отворени листи.

Собранието го разгледа и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедување, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека извештајот е воопштен и побараа во иднина да биде концизен и прецизен. Според пратеничката Роза Топузова Каревска граѓаните заслужуваат подобри извештаи од Народниот правобранител по 20 години независност и побара надзорни расправи по наодите во извештајот.

За Рафиз Алити од ДУИ извештајот е реален и високо професионален без влијание на политиката.

XS
SM
MD
LG