Достапни линкови

Пополнети Комисиите за надзор на службите и прислушувањето


Независните пратеничките Роза Топузова-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, кои во Собранието влегоа преку кандидатската листа на СДСМ се избрани за членови и заменик-членови во Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, како и во Комисијата за надзор на следење на комуникациите . Местата се пополнети во овој момент со забелешка дека во моментот кога опозицијата ќе се врати во Собранието, тогаш ќе се направи ревизија на постоечкиот состав на овие две комисии. До ваков чекор доаѓа за да профункционираат комисиите согласно препораките на Прибе. Според деловникот, претседателските места во овие комисии, и припаѓаат на опозицијата, но поради опозицискиот бојкот тие не беа пополнети.

XS
SM
MD
LG