Достапни линкови

logo-print

Ерменската влада е за поскапа струја


Ерменската влада одби да ја поништи одлуката за поскапување на струјата и покрај тоа што со денови траат протестите во главниот град. Премиерот Ховик Абрахамјан денеска рече дека властите продолжуваат со овој проект за да обезбедат енергетска стабилност на земјата. Сепак, тој објави дека државата ќе им додели финансиска помош на околу 105 илјади ранливи семејства за да им се помогне да се справат со поскапувањето на струјата. Премиерот ги повика демонстрантите да не ја блокираат главната сообраќајница во Ереван. Стотици луѓе протестираат против одлуката на регулаторните тела од 1 август да плаќаат поскапа струја за 16 проценти.

XS
SM
MD
LG