Достапни линкови

Швајцарија ќе го екстрадира Ориќ, но во БиХ


'Srebrenica - un genocide au coeur de l'Europe" (Srebrenica - a genocide at the heart of Europe) at the Plaine de Plainplais in Gene

'Srebrenica - un genocide au coeur de l'Europe" (Srebrenica - a genocide at the heart of Europe) at the Plaine de Plainplais in Gene

Швајцарија соопшти дека ќе го екстрадира воениот командант на босанските муслимани од војните во поранешна Југославија во 90-тите години од минатиот век, Насер Ориќ, во Босна и Херцеговина. Федералната служба за правда соопшти дека одлуката за екстрадиција е донесена денеска. Ориќ, кој беше бошњачки командант во Сребреница, беше уапсен на 10 јуни во Швајцарија по налог издаден од Србија, но негова екстрадиција побара и босанската влада. Белград го обвинува Ориќ за убиства на српски цивили во близина на Сребреница во 1992 година, каде што српските сили во 1995 година убија повеќе од осум илјади муслимански мажи и момчиња. Тој беше обвинет за злосторства против Србите од страна на Хашкиот трибунал, но во 2008 година беше ослободен од сите обвиненија.

XS
SM
MD
LG