Достапни линкови

Шулц - Оптимисти сме за договор со Грција


Грција и кредиторите ќе може да постигнат конечен договор за помош во замена за реформи. Тоа го изјави денеска претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

„Се надеваме и оптимистички сме настроени дека ќе биде постигнат договор“, изјави Шулц на прес конференција во Брисел пред почнувањето на дводневната средба на врвот на лидерите од државите од Европската унија.

Шулц ја оцени високо улогата на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер во преговарачкиот процес.

Во Брисел во средата без резултат заврши седница на министрите на еврозонатапосветена на грчката должничка криза.

XS
SM
MD
LG