Достапни линкови

logo-print

Потпретседател на ФИБА обвинет за корупција


Потпретседателот на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) Ксијао Тијан е под истрага под сомнение дека бил вмешан во корупција во неговата земја Кина, пренесува денешен „Вашингтон Пост“.

Претседател на Кина Си Џинпинг по преземањето на власта започна широка кампања против корупцијата меѓу бирократите и службениците во институциите на државата, а владејачката Комунистичка партија соопшти дека Ксијао е под истрага за сериозни кривични дела, но не прецизира кои.

Ксијао во септември минатата година тој беше избран за еден од тројцата потпретседатели во ФИБА, а во неговата држава е заменик-министер за спорт.

XS
SM
MD
LG