Достапни линкови

Десетици жртви во борбите во Сирија


Syria -- Smoke billow from the Syrian town of Kobani, June 25, 2015

Syria -- Smoke billow from the Syrian town of Kobani, June 25, 2015

Борците на организацијата Исламска држава ноќеска го нападнале сирискиот град Хасак и зазеле неколку области од градот кој е во рацете на владините сили, јавуваат мониторите и официјалните власти. Во меѓувреме борците на ИС ја нападнале курдската милиција во сирискиот град Кобани кој се наоѓа на границата со Турција. Нападот почнал со експлозија на автомобил бомба при што се убиени 12 луѓе, а 70 биле повредени, а неколку часа подоцна имало уште една експлозија. Мониторите велат дека милитантите на ИД убиле уште 20 курдски цивили во напад во село во близина на Кобани. Државните медиуми во Сирија јавуваа за уште еден напад во градот Дера, при што се убиени шест луѓе, а 13 биле повредени.

XS
SM
MD
LG