Достапни линкови

За првпат Македонец советник во Подградец


Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција на неделните локални избор по првпат доби советничко место во општина Подградец. Советник во Советот на општината, кој ќе ги застапува правата на Македоците ќе биде Јован Шкмби. Партијата советник освои и во општина Малиќ, кај Корча, а обезбеди мнозинство во 15-члениот совет на општина Пустрец, каде има осум советници, додека по третпат довербата за градоначалник му беше дадена на Едмонд Темелко.

XS
SM
MD
LG